Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Се најавува грант поддршка за земјоделците со вкупен фонд од 2.8 милиони евра
На состанокот дискутиравме и за новата Програма за придружни мерки од KfW, целосна грант поддршка за земјоделците со вкупен фонд од 2.8 милиони евра, која ќе биде наменета за воведување на добри практики во начинот на вршење на нивната дејност, правилно искористување на водните ресурси и поголема промоција преку правилно искористување на маркетинг алатките заради реализација на земјоделското производство, објави министерот Љупчо Николовски.
На денешниот состанок со претставници од КfW, наши стратешки партнери и поддржувачи, разговаравме за идните заеднички потфати, како и за завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза.