Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Прва исплата за субвенционирање на набавка на вештачки ѓубрива
Денешната исплата се однесува на 1048 корисници и е со вкупна сума од 15 милиони денари.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше првата исплата наменета за субвенционирање на набавка на вештачки ѓубрива.
Оваа финансиска поддршка се спроведува преку Интервентниот фонд за земјоделство преку кој се опфатени земјоделските стопанства кои имаат засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед.
Денешната исплата се однесува на 1048 корисници и е со вкупна сума од 15 милиони денари.