fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За лебот во Бугарија ќе се воведе 0% ДДВ, а пензиите ќе се зголемат за 20%

На состанокот на владејачката коалиција во Бугарија денеска беше соопштено дека ќе се воведе нула проценти ДДВ за лебот за да се гарантира неговата сегашна цена, а пензиите ќе бидат зголемени за близу 20%. Како што јави дописникот на МИА од Софија

На состанокот на владејачката коалиција во Бугарија денеска беше соопштено дека ќе се воведе нула проценти ДДВ за лебот за да се гарантира неговата сегашна цена, а пензиите ќе бидат зголемени за близу 20%. Како што јави дописникот на МИА од Софија, планирани се повисоки даночни олеснувања за семејствата со деца и попусти на гориво, вклучително и бензин и дизел – ова се само дел од антикризниот пакет што го усвои коалицискиот совет. Мерките се насочени кон поддршка на бугарските граѓани и бизниси во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.

Со над 55% од минималната пензија, која на почетокот на минатата година изнесуваше 300 лева (150 Е), а од 1 јули ќе изнесува 467 лева (235 Е) Во последните 12 години пензиите во Бугарија во просек пораснаа за околу 100 лева (50 Е), додека сега само годинава зголемувањето ќе биде за 167 лева (83 Е) Антикризниот пакет предвидува и обесштетување поради високите цени на горивата. Сите граѓани до крајот на годината ќе можат да искористат попуст од 25 левови за бензин 95 и дизел, метан и пропан-бутан. Исто така за период од една година ќе се враќа ДДВ за вино и пиво од 20%.

Во однос на парното, ДДВ за парно и топла вода се очекува во рок од една година да биде 9%. Ќе се намали и на 9% ДДВ за природниот гас за потрошувачите од домаќинствата за период од 1 година. Струјата, природниот гас и метанот се ослободени од акциза. За поддршка на семејствата со деца во Бугарија, како долгорочна мерка се планира да се зголеми износот на даночни олеснувања за децата од 4.500 лева (2.250 Е) на 6.000 лева (3.000 Е) годишно, а ќе се даде можност да се користи на секои три месеци во годината.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close