Вести
Се основа најголема светска тутунска компанија
Производителот на цигари „Лаки страјк” и „Ротманс” ќе купи 57,8 отсто од преостанатите акции на „Рејнолдс Американа“.
„Бритиш Американ Тобако“ (БAT) се согласи да плати 50 милијарди долари (47 милијарди евра) за преземање на контролата над ривалската американска фирма „Рејнолдс Американа“.
На тој начин ќе се основа најголема светска тутунска компанија. Производителот на цигари „Лаки страјк” и „Ротманс” ќе купи 57,8 отсто од преостанатите акции на „Рејнолдс Американа“, кои се уште не се во негова сопставеност, наведе БAT во соопштението.