fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Градоначалникот на Општина Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од пролетниот мраз

Можат да се пријават сите оние коишто имаат материјални штети на земјоделски насади, предизвикани од атмосферската непогода – мраз, којашто ја зафати територијата на општината, во деновите 12 и 13 март и 13 и 14 април 2022 година.

Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците, да пријават штети од пролетниот мраз. Повикот е врз основа на законот за локална самоуправа и статутот на општината.

Во него се појаснува дека можат да се пријават сите оние коишто имаат материјални штети на земјоделски насади, предизвикани од атмосферската непогода – мраз, којашто ја зафати територијата на општината, во деновите 12 и 13 март и 13 и 14 април 2022 година.

 

-Во процената нема да се земат предвид насади што се помлади од три години, како и насади што не се обработуваат. Исто така нема да се врши процена на насади, кои се веќе осигурани за 2022 година, во осигурителни компании, стои во јавниот повик.

Пријавувањето на штетите започнува денеска и ќе трае до крајот на мај.

(МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close