fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Доаѓа економска бура од четири меѓусебно поврзани кризи-Германскиот министер за финасии Хабек порача од Давос

Четири испреплетени кризи: инфлација, енергија, храна и климатски кризи

Четири испреплетени кризи: инфлација, енергија, храна и климатски кризи може да имаат несогледливи последици. Повеќекратните закани за глобалната економија се на врвот на агендата на годишниот форум во Давос, а некои официјални лица предупредија на реалниот ризик од глобална рецесија, пренесува Фактор.

Политичките и деловните лидери се собраа на Светскиот економски форум во време кога инфлацијата е на највисоко ниво во последната генерација во големите економии вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Европа.

Зголемените цени ја поткопаа довербата на потрошувачите и ги разнишаа глобалните финансиски пазари како резултат на што централните банки, вклучително и Федералните резерви на САД, ги зголемија каматните стапки.

Во меѓувреме, последиците од руската инвазија на Украина на пазарите за нафта и храна, како и затворањата поради Ковид-19 во Кина дополнително ја влошија ситуацијата.

„Имаме најмалку четири кризи, кои се испреплетени. Имаме висока инфлација … имаме енергетска криза … имаме криза со храна и имаме климатска криза. Не можеме да ги решиме овие проблеми ако се фокусираме само на една од овие кризи“, изјави германскиот заменик канцелар Роберт Хабек.

„Сепак, ако ниту еден од овие проблеми не се реши, навистина се плашам дека ќе паднеме во глобална рецесија со страшни последици за глобалната стабилност“, рече Хабек за време на дискусијата на Светскиот економски форум.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатиот месец по втор пат оваа година ги намали прогнозите за глобалниот раст, наведувајќи ги војната во Украина и инфлацијата како „јасна и моментална закана“ за многу земји.https://faktor.mk/doagja-ekonomska-bura-od-chetiri-megjusebno-povrzani-krizi-germanskiot-minister-za-finasii-habek-poracha-od-davos

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close