fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски бара исплата на субвенции за тутунарите-Политика нека си тераат политичарите, но не на нашиот грб

„Со самото поскапување, со трошоците за гориво и за репроматеријали, ние сме доведени за тоа да не се донасади реколтата затоа ги повикувам што е можно најбрзо да се свика таа седница, да се изгласа, да легнат нашите пари, а политика нека си тераат политичарите, но не на нашиот грб да бараат кој е виновен, а кој е во право“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија, пренесе Сител.

Тутунарите се уште остануваат без субвенции, а топката за тоа кој е крив секојдневно си ја префрлаат власта и опозицијата.

Од Сојузот на земјоделски здруженија апелираат овие пари што побрзо да легнат на нивните сметки затоа што тие средства им биле најпотребни сега за време на расадувањето.

„Со самото поскапување, со трошоците за гориво и за репроматеријали, ние сме доведени за тоа да не се донасади реколтата затоа ги повикувам што е можно најбрзо да се свика таа седница, да се изгласа, да легнат нашите пари, а политика нека си тераат политичарите, но не на нашиот грб да бараат кој е виновен, а кој е во право“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија, пренесе Сител.

Друг проблем е тоа што цените и за оваа година остануваат ниски. Договорите веќе биле потпишани а цените се: 280 денари за прва класа, втора 205 денари, трета 155 денари и четврта е 85 денари . Од Сојузот велат дека бараат покачување на овие цени за 20 до 25%.

„Доколку фирмите мислат и понатаму да  си играат со нас, ние јавно кажуваме дека откупот за наредната реколта нема да започне додека не се покачат цените. Ние во никој случај нема да дозволиме да се откупи килограм тутун додека не се покачат цените. Затоа што со овие цени ние не можеме да произведуваме тутун. Доведени сме работиме само за трошоците“, додаде Стомнароски.

Инаку за оваа година биле договорени 24.100 килограми тутун, со 19.000 земјоделски стопанства, кои треба да бидат насадени на 13.000 хектари.https://sitel.com.mk/tutunarite-se-ushte-ostanuvaat-bez-subvencii

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close