fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се создава вештачки недостиг на шеќер

Во Србија празни полици, „шушкање“ меѓу луѓето дека нема да има шеќер, поскапување на популарна намирница која се продава на „лажичка“.

Празни полици, „шушкање“ меѓу луѓето дека нема да има шеќер, поскапување на популарна намирница која се продава на „лажичка“. Вака изгледаат продавниците и пазарот во Србија во последните денови, но експертите предупредуваат дека нема причина за загриженост бидејќи има шеќер, туку дека сега разни шпекуланти се обидуваат да заработат. Дополнително посочуваат дека стравот од недостиг е присутен уште од 90-тите години и дека паниката не е непозната за нашиот народ.

По лудилото за шеќер и турканиците што се создадоа во последните денови, претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе се ограничат цените за пакувањата поголеми од еден килограм. Се тврди дека денеска треба да се донесе нова владина уредба со која ќе се ограничи цената на сите пакувања, што ќе ги задоволи потрошувачите, но не и производителите.

Агроекономистот Милан Простран за Нова.рс вели дека стравот на граѓаните е поради случајот од деведесетите години од минатиот век, а дека недостигот делумно се должи на лошото искуство од тогаш.

„Сеќавањето на 1990-тите е сè уште присутно, па доволно е да се спомене дека некои производи ги нема во светот и да се создаде хаос на нашиот пазар. Тоа до пред еден месец го имавме со брашното, а сега го гледаме со шеќерот. Објавувањето на различни непроверени информации создава паника, која потрошувачите ја толкуваат на свој начин, како резултат на што се создаваат вештачки недостиг“, објаснува Простран.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close