Лозарите револтирани: Зар да дадеме 10 килограми грозје за еден литар гориво?
„Тиквеш“ понуди откупни цени за грозјето
Цените од 16 денари за килограм вранец и 12 денари за килограм смедеревка, кои најголемата винарска визба „Тиквеш” ги најави вчера, за првиот човек на визбата, Свето Јаневски се добри, но лозарите не се согласуваат со него, пишува Фокус.
-Ланска година, вранецот беше 13 денари, така ли беше? Тоа државата го одредуваше. Е сега, „Тиквеш“ ќе ви даде 16 денари за вранецот, а смедервката, ви ја плаќаа таму, колку ви ја плаќаа, десет денари? Ние ќе ви ја плаќаме 12 денари – изјави тој на вчерашната средба помеѓу визбата и кооперантите. Дано Јошев, од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ смета дека тие цени се недоволни да се покријат трошоците на лозарите, но и дека и во тие понудени цени не е утврдена цената на шеќерната единица.
-За еден литар гориво треба да се дадат десет килограми грозје. Каде е тука логиката? Ако „Тиквеш“ не може да ни го плати трудот, тогаш државата нека го откупи родот, па визбите од таму нека си купуваат грозје. Доста е со уцени – порача Кулев.
Голем број на лозари исто така реагираат, затоа што годинава, во ек на економска криза, зголемени се и нивните трошоци околу одгледувањето на винската лоза. Од нафта, до препарати за заштита, како и работна рака, лозарите појаснуваат дека со понудените цени не ќе можат да ги покријат ниту основните трошоци.https://fokus.mk/tikvesh-ponudi-otkupni-tseni-za-grozjeto-lozarite-revoltirani-zar-da-dademe-10-kilogrami-grozje-za-eden-litar-gorivo/