fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот кој обезбедува субвенции за околу 20.000 тутунари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат законот кој обезбедува субвенции за околу 20.000 тутунари.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работат на развој и унапредување на земјоделството па затоа во континуитет покажува неодговорно и деструктивно однесување.

И во услови на најголема економска и енергетска криза во кој се наоѓа Европа и светот, со СДСМ субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции.

Сите закони за земјоделството се во насока на унапредување на стандардот и условите за работа на земјоделците.

Меѓу нив секако е и Законот за земјоделство и рурален развој чии измени се на дневен ред во Собранието.

Овој Закон е важен за навремена исплата на субвенции на околу 20.000 тутунари за кои има обезбедено средства во висина од една милијарда и 300 милиони денари.

Откако Законот со месеци беше закочен во Комисијата за земјоделство во Собранието сега кога е на пленарна седница, сите пратеници да ги поддржат измените кои значат олеснет пристап до субвенции и повеќе пари кај земјоделците во период кога тие им се најпотребни.

Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделците, продолжува да инвестира во земјоделството кое е една од најважните стопански гранки.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close