fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За субвенциите на тутунарите сега на потег е Пендаровски да го потпише законот

Николовски со писмо до Пендаровски-Дозволете ми во името на засегнатите земјоделци, како надлежен министер до Вас да упатам апел со цел давање на приоритет во потпишувањето на овој Закон со што забрзано ќе се овозможи исплатата на заслужената поддршка и финансиски средства за стимулација на земјоделците и земјоделското производство во вакви кризи времиња.

Писмено и телефонски го информирав претседателот Stevo Pendarovski дека во Собранието конечно помина Законот за земјоделство и рурален развој. Со неговото усвојување директно се помага на повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун.
Благодарност до претседателот Стево Пендаровски кој истакна дека одблиску ја следел целата дебата и случувања поврзани со законското решение, како и дека потпишувањето на овој Закон од негова страна ќе биде со врвен приоритет.
Искрено се надевам дека овој, но и идните сетови на закони предложени од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а кои земјоделците долго ги очекуваат со цел да ги остварат своите права, ќе станат пример на конструктивност и политичка култура, наместо симбол на кочење, блокади и политички пресметки за освојување на власта што оди на директна штета на македонскиот земјоделец, а со тоа и на сите граѓани.
Писмо до Претседателот на државата:

Почитуван претседателе Пендаровски,

Во овој клучен период се носат исклучително важни закони за нашите сограѓани земјоделци и традиционалните земјоделски семејства. И покрај повеќемесечното кочење и блокирање на овие важни закони предложени од Владата, барем за момент покажавме дека доколку заедно на прво место ги поставуваме приоритетите на граѓаните наместо теснопартиските интереси, може да се носат разумни одлуки од кои полза има целото македонско општество. Моето лично убедување, кое неколку пати и директно го истакнав пред пратениците и Собранието, е дека токму ова е наша основна работа како политичари – постојано да го штитиме и застапуваме интересот на сите граѓани.

Би сакал да истакнам дека во овој период на економска, енергетска и потенцијална криза за храна, во соработка со земјоделците, нивните здруженија и експертската јавност, како Министерство носиме навремени одлуки со кои ги антиципираме тековните и идни предизвици поврзани со поддршка на производството на стратешки важните земјоделски култури.

Се надевам дека актуелниот, но и идните сетови на закони предложени од страна на МЗШВ, а кои земјоделците долго ги очекуваат со цел да ги остварат своите права ќе станат пример на конструктивност и политичка култура, наместо симбол на кочење, блокади и политички пресметки за освојување на власта што оди на директна штета на македонскиот земјоделец, а со тоа и на сите граѓани. Наша обврска е напорно да работиме со цел намалување на неединството во целата земја, како и да придонесуваме за подобрување на перцепцијата на граѓаните кон јавните институции над кои сопственост имаат граѓаните, а не политичките елити.

 

Почитуван Претседател,

Собранието на 64 седница го усвои Законот за земјоделство и рурален развој. Со неговото усвојување директно се помага на повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун. Со усвојувањето само на овој Закон се отвора пат уште утре да можеме да ја реализираме исплата на субвенциите за оваа важна група на земјоделци кои се наоѓаат во екот на подготовки за нова реколта.

Дозволете ми во името на засегнатите земјоделци, како надлежен министер до Вас да упатам апел со цел давање на приоритет во потпишувањето на овој Закон со што забрзано ќе се овозможи исплатата на заслужената поддршка и финансиски средства за стимулација на земјоделците и земјоделското производство во вакви кризи времиња.

 

Со почит,

Љупчо Николовски

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close