fbpx
Вести

Совети за здрава исхрана во зима

soveti za zdrava ishrana vo zima

 

Во зима поради студеното време со малку сонце поминуваме помалку време надвор, помалку се движиме, јадеме храна со многу скроб и шеќер. Тоа влијае негативно врз здравјето. За среќа има неколку работи кои може да ни помогнат да ја одржиме енергијата, да го подобриме имунитетот и да го одржиме телото здраво во текот на целата зима.

1. Пијте само здрави течности.
ПИјалаците со шеќер, кафето и кофеинските напитоци го слабеат имуниот систем, доведуваат до дебелеење и дехидрација. Дури и во зима е важно да испиете осум чаши вода (топла!) или чај, за да ги одржите здрави органите за варење и да го спречите дебелеењето. Ова е посебно важно во текот на зимските месеци за штетните материи да може да се исфрлат преку урината (во зима многу помалку се потиме).
2. Во текот на студените денови многу е важен добриот сон.
Мелатонинот, многу важен хормон за обновување на имуниот систем, се произведува само во целосен мрак. Така кога одите на спиење, погрижете се да ги спуштите ролетните и да ја елиминирате светлината…
3. Избегнувајте го таканаречениот „додаден шеќер“.
Тоа е шеќерот кој дополнително се додава во чајот, кафето, а тука се вбројуваат и разните бисквити, колачи и останати рафинирани слатки кои ги конзумираме покрај стандардните оброци. Свртете се кон природните шеќери – оние од овошјето. Медот е одличен природен шеќер (Секако во умерени количини!). Ако баш не можете да се откажете од слатките, користете црно чоколадо (со минимум 70% какао) – тоа има докажано поволно дејство врз здравјето.
4. Јадете лук секојдневно.
Тој го поттикнува производството на Т-лимфоцити и макрофаги, помагајќи го имунитетот. Покрај тоа, спаѓа во намирници кои го загреваат телото.
5. Конзумирајте намирници богати со цинк.
Цинкот помага да се подигне ослабениот имунитет. Го има во наутот (леблебиите), семките од тиква и во сусамот.
6. Дајте им предност на овошјето и зеленчукот во исхраната!
Иако во зима е пожелно да се користат намирници кои содржат повеќе јаглени хидрати и масти, тоа не значи дека треба да заборавиме на овошјето и зеленчукот. Баш напротив, тие може да ни помогнат да ја протуркаме зимата во добро здравје.
7. Движете се! Не се предавајте на мрзеливоста!
Важбајте дома, возете собен велосипед, вежбајте јога, и секако прошетајте енергично по убавото зимско време! Брзата прошетка ги согорува калориите, ја забрзува циркулацијата и ја зголемува енергијата. Докажано е дека движењето го подобрува имунитетот!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close