fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се најавува кампања за афирмација на земјоделските стопанства, кои произведуваат домашни преработки

Нашите домашни, македонски, традиционални производи, како министерство продолжуваме финансиски да ги поддржуваме, и гордо да ги претставуваме на светот, порача министерот Николовски. 

Најавувам голема кампања за афирмација на земјоделските стопанства, кои произведуваат домашни преработки и се регистрирани оператори со храна од животинско и неживотинско потекло. За заштита на производите со географско потекло, активност која МЗШВ и досега финансиски ја поддржуваше, ќе продолжи и понатаму, со нови процедури и критериуми. Ова беа едни од темите кои ги дискутиравме со претставници од организацијата “Слоу Фуд” на денешниот состанок.
Македонските традиционални специјалитети, овојпат ќе се претстават на годинешното издание на Тера Мадре, саем во Торино Италија, кој ќе се одржи во септември.
Нашите домашни, македонски, традиционални производи, како министерство продолжуваме финансиски да ги поддржуваме, и гордо да ги претставуваме на светот, порача министерот Николовски.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close