Со просечна плата можеме да купиме помалку гориво, зејтин и брашно
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со пресметки.
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, направи споредба со просечната плата од 2016 и сега и колку порано и сега може да се купи гориво, масло за јадење и брашно.
Согласно статистиката, сега може да се купат далеку помалку количини на гориво и основни прехранбени производи
Во продолжение неговиот став
Просечната плата во февруари 2016-та изнесувала 21813 денари, а во март 2022-ра таа изнесува 31080 денари❗
Во 2016-та со просечната плата можело да се купат 560 литри дизел, денес со просечната плата може да се купат 323 литри❗
Во 2016-та со просечната плата сме можеле да купиме 364 литри масло за јадење, денес со просечната плата можеме да купиме 190 литри❗
Во 2016-та со просечната плата можело да се купат 808 кг. брашно, денес со просечната плата можат да се купат 518 кг. брашо❗
Премногу е‼
Ова е протест за промени‼, напиша Димовски на ФБ,