Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Од оваа година-авансно субвенционирање најпрво во овоштарството, а од 2023 за сите земјоделци
Ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30 отсто од сумата, а останатите 70 проценти ќе ги добиваат како и досега.
– Од оваа година почнува пилот проект за авансно субвенционирање најпрво во овоштарството, а од 2023 за сите земјоделци, со кое ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30 отсто од сумата, а останатите 70 проценти ќе ги добиваат како и досега. Со ова ќе започне исплата на субвенциите од оваа за оваа година, нема да чекате до следната година за да ги добиете субвенциите, рече министерот Љупчо Николовски.