fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Колку заработуваат Европејците – минимална плата од 332 до 2.257 евра

Минималната плата во Европа се движи од 332 евра месечно во Бугарија до 2.257 евра во Луксембург.

Европската унија ја заострува директивата за минимална плата – веќе во вторник на 7 јуни би можело да се потпише политички договор за мерка изгласана во Европскиот парламент пред речиси една година, чија цел е да се гарантираат приходи кои можат да обезбедат пристоен стандард на живеење за работниците и нивните семејства во сите европски земји.

Закон за минимална плата до денес не постои само во Италија, Австрија, Кипар, Данска, Финска и Шведска.

Според последните податоци на Евростат (Заводот за статистика на Европската унија), минималната плата во Европа се движи од 332 евра месечно во Бугарија до 2.257 евра во Луксембург.

Во Франција, каде што инфлацијата галопира, минималецот три пати беше зголемен (вкупно за 5,9 отсто), а синдикатот кој ги штити правата на работниците се бори да достигне 2.000 евра месечно.

Во Шпанија минималната плата достигна 1.000 евра, додека во Португалија синдикатот бараше зголемување од 705 на 800 евра. Во Италија, без разлика на барањето на Европа и без оглед на огромната инфлација и долгови што ги има земјата поради пандемијата и руско-украинскиот конфликт, политичарите се поделени по тоа прашање.

Што се однесува до просечните плати, според последните проценки, Швајцарците во просек заработуваат повеќе од вработените во другите земји: 67.658,78 евра годишно, што е три пати повеќе од просечната плата на Италијанците, додека Исланѓаните, Норвежаните и Луксембуржаните заработуваат во просек по околу 40.000 евра годишно.

Просечната годишна плата во Германија е околу 31.000 евра, Французите во просек заработуваат околу 21.000 евра, исто како Италија и Шпанија, а Романците, Летонците, Унгарците и Хрватите заработуваат помалку – помалку од 10.000 евра годишно.

Според најновата анализа на Организацијата за економска соработка и развој, која го земала предвид движењето на средните приходи во Европа во последните 30 години, Италија е на незавидно место во споредба со другите земји и воедно е единствената земја каде што платите се се намалуваат наместо да се зголемуваат.

Италија забележа пад на платите за 2,9 отсто, во споредба со 6,2 отсто раст во Шпанија, 15,5 отсто во Холандија, 31,1 отсто во Франција и во Германија, 33,7 отсто.

На листата од десет земји чии вработени имаат највисока просечна заработка се: Швајцарија со 4.900 евра месечно, потоа Данска – 3.914 евра, Норвешка – 3.795 евра, Луксембург – 3.573 евра, Исланд – 3.221 евра, Австрија – 3.104 евра, Ирска – 3.104 евра, Германија – 2.952 евра, Франција – 2.791 евро и Шведска со 2.770 евра.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close