Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Чекаме одговор од Министерство за финансии дали денеска ќе се исплатат субвенциите за тутунарите
Тутунарите ги чекаат најавените субвенции
Зелена берза веќе два дена се обидува да добие одговор од Министерство за финансии кога ќе почне исплатата на субвенциите за тутунарите, со оглед на тоа што министерот за земјоделие Љупчо Николовски, минатата недела најави дека решенија за исплата се потпишани и прати до МФ за исплата.
Од Министерството за финасии ни ветија дека ќе не известат доколку денеска почне исплатата. Засега, нема потврда.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски на 2 јуни, потврди дека ги потпишал решенијата за исплата за 17.280 тутунари и дека во текот на оваа недела на сметките на тутунарите ќе легнат близу 1.3 милијарди денари.