fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тони замрзнато пилешко од Полска за малку ќе „долетало“ на македонските трпези

Станува збор за 33. 898 килограми храна, од кои 3.108 килограми храна за домашни миленици по потекло од Полска (пратката е вратена заради нерегистриран извозник), 17. 840 килограми замрзнато пилешко месото потекло од Полска (пратката е вратена поради тоа што потекнувала од регион кој е забранет за увоз) и 12. 959 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Полска.

Тони замрзнато пилешко месо од забранети региони од Полска, но и храна за домашни миленици, биле забранети за увоз во земјата од страна на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство од јануари до мај годинава. А по нивен налог, уништени се и повеќе од 2,7 тони небезбедна храна: 15 килограми мелено месо, 2. 450 килограми шунка, сос за пилешко месо, 4.5 килограми други производи, но и пилешки месен нарезок, крекери, кубети, пиво.

Со вакви фрапантни бројки, граѓаните во Македонија вчера го одбележаа Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни, а за среќа, од јануари досега нема пријавени случаи на труење со храна.

За тоа дали во Македонија јадеме безбедна храна, првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски, за НоваТВ одговара:

– Генерално, граѓаните во Република Северна Македонија јадат безбедна храна, иако, исклучоци секогаш се можни. Освен контролите кои ги спроведуваат надлежните инспекциски органи, неминовно е и самите потрошувачи, како и операторите да водат сметка за безбедноста на храната. Тие треба да бидат добро информирани и едуцирани за безбедносните ризици кои се однесуваат на храната. Во прв ред храна да купуваат од регистрирани и одобрени оператори кои се вклучени во безбедносниот систем односно кои се под контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство. Мора да се води сметка и за начинот на пазарење, но и за подготвување и чување на храната и во домовите, порачува Бабовски.

За тоа што содржеле трите пратки од увоз со храна од животинско потекло со тежина од 33. 898 килограми, чиј влез во земјава е забранет по налог на Инспекторатот, во периодот од јануари до март, директорот со одговор:

 Во првите три месеци од годинава, нема уништени небезбедни пратки ниту со храна од животинско, ниту со храна од неживотинско потекло. Во истиот временски период, забранет е само влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло (пратките со храна се вратени кај извозникот). Станува збор за 33. 898 килограми храна, од кои 3.108 килограми храна за домашни миленици по потекло од Полска (пратката е вратена заради нерегистриран извозник), 17. 840 килограми замрзнато пилешко месото потекло од Полска (пратката е вратена поради тоа што потекнувала од регион кој е забранет за увоз) и 12. 959 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Полска во овој временски период исто така е вратено кај увозникот, односно не е дозволен увоз во земјава, бидејќи истото потекнувало од забранет регион за увоз, појаснува директорот Бабовски.    

Во врска со тоа зошто биле уништени над 2,7 тони небезбедна храна при постапување на ветеринарите и инспекторите за храна по претставките од јануари до мај годинава и што не било в ред со оваа храна, од Агенцијата појаснуваат: 

– Во првиот квартал од годинава, како небезбедни, постапувајќи по поднесените претставки од граѓани до Одделението за заштита на потрошувачите, инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата уништиле повеќе од 2,7 тони небезбедна храна од кои: 15 килограми мелено месо  – поради поминат рок на употреба,  2. 450 килограми шунка – поради немање декларација, сос за пилешко месо ( три пакувања) – поминат рок на употреба, 4,5 килограми производи –  со поминат рок на употреба. Исто така, уништени се пилешки месен нарезок, крекери, кубети и пиво поради поминат рок на употреба. А 232,64 килограми месо е уништено бидејќи истото немало декларација, додава Бабовски.

Секторот за инспекциски надзор при АХВ, во првиот квартал нема евидентирано забранети, ниту има поништено небезбедни пратки од увоз со производи и материјали кои доаѓат во контакт со храната.

За тоа на што најмногу и најчесто се жалат потрошувачите, бидејќи во првите пет месеци од годинава има околу 200 претставки за прехранбени производи и кога треба да реагираме како потрошувачи, Бабовски советува: 

– Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните (потрошувачите) можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

https://novatv.mk/toni-zamrznato-pileshko-od-polska-za-malku-ke-doletalo-na-makedonskite-trpezi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close