fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ако не се намали акцизата и ДДВ на горивата, нè чека нов ценовен шок

Од Владата смируваат дека до крајот на неделава ќе има нови мерки за компаниите и за граѓаните, а од опозицијата најавија дека ќе побараат повторно да се разгледаат двата закона за намалување на акцизата и ДДВ на горивата кои првично беа одбиени од пратениците.

Високата инфлација, која во мај достигна нова рекордна стапка од 12 отсто, продолжува да го тенчи домашниот буџет. Освен храната, проблем се и високите цени на енергенсите, кои според статистиката се зголемиле за 8 отсто, а транспортот, поради високите цени на горивата, за дури 24 отсто. Од бизнисот не ја исклучуваат можноста од ново зголемување на цените на производите доколку државата не донесе конкретни мерки во однос на горивата. Од Владата смируваат дека до крајот на неделава ќе има нови мерки за компаниите и за граѓаните, а од опозицијата најавија дека ќе побараат повторно да се разгледаат двата закона за намалување на акцизата и ДДВ на горивата кои првично беа одбиени од пратениците.

Мнозинството во Собранието не ги изгласа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за потребата од носење на Законот за акцизите со кој оваа давачка за течните горива треба да се намали за 50 проценти и Законот за ДДВ со кој се ослободува храната од ДДВ, а за течните горива се намалува од 18 проценти на 5 проценти.

-Доколку нашите предлози заглават во собраниските лавиринти, ќе побараме и амандмански да се интервенира во буџетот со цел намалување на цената на горивата и ДДВ за основните прехранбени производи. Подготвени сме овие предлог-закони да бидат предложени и од владејачките пратеници и истите веднаш да се најдат на собраниската комисија за финансирање и буџет само да им се помогне на граѓаните, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, ДДВ на храната беше нула отсто сè до крајот на мај, по што стапката се врати на редовните пет проценти, а на бензините од 5 се врати на 18 отсто. Цените на горивата за краток временски период пораснаа за околу 70 отсто, а од 1 јули годинава може дополнително да се зголемат за најмалку 10 отсто. Цената на електричната енергија е поскапена за 30 проценти, а на топлинската енергија за речиси 15 отсто.

Поради извесниот понатамошен раст на трошоците на живот од опозицијата очекуваат дека пратениците во Собранието во најкус можен рок ќе ги прифатат измени во Законот за данокот на додадена вредност.

И бизнисот бара пониска акциза и намалување на ДДВ-то на горивата, во спротивно како што велат можно е да дојде до ново зголемување на цените.

– Цената на горивата го поскапе транспортот за најголемиот дел од компаниите што битно влијае на работењето и цената на нашите производи, која е однапред договорена. Екстра лесното масло, кое компаниите го користат во производството, Владата го изедначи со дизелот. Во овој момент кога имаме висок пораст на цените, Владата треба да размисли за субвенционирање на нафтата која се користи во транспортот и во производството на голем дел од компаниите. Нормално е ако се зголемува цената на нафтата да се зголемат и цените на  транспортот и на производите кои ги произведуваат овие компании, вели за ВЕЧЕР, Ангел Димитров од Организацијата на работодавци.

Тој смета дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ за горивата и храната се добри и треба што поскоро да бидат донесени за да им се помогне на компаниите и на граѓаните, но смета дека Владата нема толку лесно да се откаже од овие приходи.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close