fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Уште нама пари на сметките на тутунарите, пред нас продолжен викенд

Разочарување кај тутунарите-Од Министерството за Финансии, на прашање на Зелена берза,  засега не потврдуваат дека денеска ќе има исплата на субвенциите за тутунарите.

Од Министерството за Финансии, на прашање на Зелена берза,  засега не потврдуваат дека денеска ќе има исплата на субвенциите за тутунарите.

Бројни се прашањата на читателите на Зелена берза дали денеска Министертсвото за финансии ќе ги исплати субвенциите за тутуанарте, но до овој момент нема позитивен одговор. Тутунари потврдуваа дека нивните сметки се уште се празни и покрај најавите дека оваа недела ќе почне исплатата на субвенциите за околу 18.000 илјади тутунарски семјства. Утре е празник, што значи ако не се исплатат парите до крајот на работниот ден, исплатата се пролонгира за следниот период.

Што се однесува до Платежната агенција, кај нив работата е завршена, решенијата се потпишани и испратени до Министерството за финансии.

На 2 јуни, директорот на Платежната агенција Никица Бачовски  соопшти:
– Денеска ги потпишав решенијата за исплата за 17.280 тутунопроизводители кои произвеле и предале тутун од реколта 2️⃣0️⃣2️⃣1️⃣.
Веднаш по донесувањето на потребните законски измени, службите при АФПЗРР во најбрз рок ги изготвијаа решенијата за кои веќе се генерираат и налозите за исплата со што во текот на наредната недела на сметките на тутунарите ќе легнат близу 1.3 милијарди денари.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close