fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-До кога ќе седиме дома на Фејсбук- да го вратиме достоинството на земјоделецот

Доста е од политиканства, време е за сериозни политики!!! Од нас самите зависи!

Игор Мирчески со реакција

Почитувани земјоделци, почитувани тутунари!

Како човек кој не е член на ниедна политичка партија и е координатор на новоформираните здруженија кои се формираа точно поради манипулациите кои им се правеа на тутунарите, а со цел на нивна заштита ми дава за право секогаш слободно да го искажувам мојот став во врска со сите случувања во земјоделието каде вистината е дека моменталната ситуација во државата е повеќе од алармантна, да не речам катастрофална што впрочем се чувствува кај секој од нас.

Како на економски, финансиски, енергетски па и на политички план, но јас ќе се фокусирам на земјоделието кое е моја сфера на интересирање. Ситуацијата во која ни се наоѓа нашето земјоделие е очајна по нас земјоделците, каде неколку години по ред се соочуваме со ниски откупни цени на нашите производи, нерегулиран откуп, а сето тоа дополнително отежнато со зголемени и високи трошоци за производство. Нашата влада која требаше да биде наш партнер во овие тешки времиња и која ќе продуцираше низа конкретни мерки за полесно да се преброди овај период не најде соодветен начин да изнајде решенија на ваквата ситуација, а пожалосно е и тоа што дополнително и самата продуцира проблеми со манипулативната и нередовна исплата на финансиската подршка(субвенциите). Поради сите овие причини крајно време е да одлучиме дали уште ќе седиме дома на фејсбук или ќе преземеме конкретни чекори со кои ќе го повратиме достоинството на земјоделецот и ќе ја спасиме од изумирање најважната стратегиска гранка во државата. Затоа почитувани мои: Доста е од политиканства, време е за сериозни политики!!! Од нас самите зависи!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close