fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Арнел Фазлиќ-Ако не се покачи цената за килограм тутун, тутунарите одат во економска пропаст

Цената на тутунот останува иста, иако се друго е поскапено, ние земјоделците пропаѓаме со високата цена на нафтата и на другите репроматеријали, вели нашиот земјоделец. . 

Арнел Фазлиќ од прилепското село Десово е земјоделец со големо искуство. Тутунот  е главна егзистенција за неговото семејство, но смета дека ако не се покачи цената за килограм тутун од новата реколата, тутунарите одат во економска пропаст.

-Цената на тутунот останува иста, иако се друго е поскапено, ние земјоделците пропаѓаме со високата цена на нафтата и на другите репроматеријали.
Тутунот си расте, ама се помалку е желбата за работа бидејќи со ова скапотија само одиме во пропаст. Субвенциите од тутунот ни ги дават на рати, а за некои се уште нема…
Земјоделската мака е наша и никој не не гледа, Владата е глува на сите наши барања така да ние само пропаѓаме секој ден, вели Арнел за Зелена берза.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close