fbpx
Вести

Од извоз на лековити билки Албанија годишно заработува 28 милиони долари

od izvoz na lekoviti bilki albanija godishno zarabotuva 82 milioni dolari

Ароматичните и лековитите растенија заземаат многу значајно место во албанскиот извоз, бидејќи годишниот приход од нивната продажба во странство се проценува на околу 28 милиони долари, јави дописникот на МИА.

Овие билки се извезуваат во многу држави, како Германија, Франција, Италија, па се до САД, при што само жалфијата опфаќа 65 отсто од американскиот пазар.

– Според оценката на американската агенција за развој УСАИД, овој пазар има можност да се зголемува. Поради тоа албанската Влада треба да го подржи секторот со инвестиции за изградба на соодветни импијанти за стерилизација од салмонела, наведува тиранската телевизија Топ-чанел.

Албанскиот министер за земјоделство Едмонд Панарити вели дека автентичните продукти ќе добијат сертификити како албанска марка, додека за да се зголеми безбедноста при нивното одгледување се разгледува можноста за изградба на лабораторија преку јавно-приватно партнерство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close