Се жнее житото-Производната цена да не биде под 22 денари, бараат земјоделците
Видео-Земјоделците пресметале дека трошоците за жетва ќе ги чини од 8.000 до 10.000 денари. Во моментов ја чекаат производствената цена на лебното зрно, која според нив треба да е 22 денари.
Земјоделците од Овчеполскиот регион половина од јачменот ќе го складираат во амбарите. Причината е што е во екот на жетвата откупната цена му е 15,5 денари за килограм. Цената е повисока од лани, но скапите репроматеријали и приносите од два до три тони по хектар не им ги покриваат трошоците. Очечуваат есенската сеидба да биде уште поскапа, јави Телма. https://telma.com.mk/2022/06/26/ovchepolskite-zemjodelci-go-zhneat-jachmenot-lebnoto-zrno-vo-juli-baraat-povisoki-otkupni-ceni/
Земјоделците пресметале дека трошоците за жетва ќе ги чини од 8.000 до 10.000 денари. Во моментов ја чекаат производствената цена на лебното зрно, која според нив треба да е 22 денари. Климатските промени и лошиот семенски материјал и годинава ќе ги намали приносите на пченица во Овче Поле.
Приносите од јачмен засеани на 48.000 хектари ќе ги задоволи потребите на македонските сточари, но пченицата која е на околу 78.000 хектари нема да ги задоволи потребите на млиновите. Според пресметките нашите земјоделци произведуваат 253 илијади, а потребите на мелничарите се од 300 до 330 илијади тони лебно зрно. Јачменот во моментов се жнее, а пченицата ќе стартува во јули.