fbpx
Вести

ЕВРОСТАТ: Храната во Македонија е најевтина во Европа

evrostat hranata vo makedonija e najevtina vo evropa

Македонците јадат најевтина храна во Европа. Според податоците на европската статистичка служба,  од 38 европски земји опфатени во истражувањето, Македонија има најниски цени за масло, овошје,  зеленчук,  безалкохолни пијалоци, алкохол и цигари. Претпоследна е според цените на лебот, житарките, млекото, сирењето и јајцата, а на трето место од долу, според цените на месото.

Анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека минималната потрошувачка кошница во земјава изнесува 32.000 денари.

– Минималната потрошувачка кошница ССМ ја пресметува од 2010 година и се однесува на четиричлено семјество. Според пресметките, од вкупно 32.000 денари дури 26.000 се трошат на храна и сметки.

За да се намали јазот меѓу платата и трошоците, ССМ подготви стратегија која во наредниот период ќе биде понудена на работодавачите и Владата и која треба да го подобри стандардот на граѓаните.

Според Еуростат, најскапа храна во Европа се јаде во Швајцарија, на пијалоците и цигарите се најскапи во Норвешка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close