fbpx
Вести

Jack Daniels и World of Coffee произведоа безалкохолно кафе со арома на виски

Производителот на виски Jack Daniels во соработка со компанијата World of Coffee направија Jack Daniels Tennessee виски-кафе.

 

Во соопштението се вели дека производот е направен од средно печено кафе Арабика и Jack Daniels Old No. 7 вискито. Меѓутоа, иако во составот има виски сепак кафето е безалкохолно.

 

Преседателот и сопстневик на World of Cofee, за специјалното кафе кои го направија со Jack Daniels, истакна дека потенцијалните купувачите немаат причина да бидат скептични.

 

„Ние го користиме најдоброто кафе и највисокиот квалитет во светот, а сега на него му додадовме  автентичен вкус и арома на Jack Daniels,” рече Чарли Њуман.

 

Jack Daniels Tennessee вики-кафе е достапно со и без кофеин по цена од 6,95 долари и 21,95 долари во зависност од количината. Моментално е достапно само во продавниците Lynchburg Hardware & General Store во Тенси или во Jack Daniels онлајн продавниците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close