fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Утре се одржува конститутивна седница на националниот Агро Совет

Прочитајте кои се членовите на Советот-

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе Одлука за повторно активирање на Советот за земјоделство и рурален развој. Овој Агро Совет за прв пат е основан во 2012 година, но ниту еднаш до сега не заживеал во формата за која е создаден со Законот за земјоделство и рурален развој.

Повторното активирање на овој Совет дава уште поголема шанса на земјоделците за директно учество во креирање на политиките и мерките на министерството. Земјоделците имаат можност да одлучат за што и како ќе се распределат средствата на министерството на транспарентен и отворен начин.

Во Агро Советот учестуваат претседателите на постојаните потсекторски групи, претставник од три најголеми национални здруженија на земјоделски производители, претставник на здруженија на преработувачи, претставник на стопанските комори, претставник на високообразовните институции од областа на земјоделството, претставник на здружение на потрошувачи, претставници од здруженијата на единиците на локаланта самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.

За членови на Совет за земјоделство и рурален развој со Одлука на Влада се именувани:

– Гоце Спасов – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за житни култури;

-Бранко Хронески – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за тутун и други индустриски култури;

-Стеванче Јордонски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за млеко;

– Томе Бабунски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за месо (говедско, свинско, овчо, козјо и живинско);

-Иван Маркоски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за несилки и јајца;

– Илија Јанчев – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за грозје и вино;

– Љубе Пампулевски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за овошје;

– Драги Памуков – претседател на постекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за зеленчук;

– Венче Билбилоски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за мед;

– Јасмина Луканова – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за цвеќе и украсни дрва;

– Менде Трајковски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за органско производство;

– Ненад Стојанов – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за семенски и саден материјал;

– Васка Мојсовска – претставник од Здружениe за земјоделски развој „Национална федерација на фармери“ – Скопје;

– Менде Стомнаровски – претставник од Сојуз на земјоделски здруженија – Прилеп;

– Петре Стојковски – претставник од Сојуз на здруженија на граѓани „Асоцијација на земјоделци“ – Прилеп;

– Сашо Ристески – претставник од Здружение на преработувачи на овошје и зеленчук „Македонска асоцијација на преработувачи – МАП“ – Скопје;

– Перо Моцан – претставник од Здружение на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје „Вина од Македонија“- Скопје;  

– Васко Ристовски – претставник од Стопанска комора на Северна Македонија – Скопје;

– Арбен Халили – претставник од Стопанска комора на Северо-западна Македонија – Скопје;

– Сашко Крстевски – претставник од Сојуз на стопански комори на Македонија – Скопје;

– проф. д-р Вјекослав Танасковиќ – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна;

– проф. д-р Саша Митрев – претставник од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Земјоделски факултет;

– проф. д-р Гордана Димитровска – претставник од Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за биотехнички науки;

– доц. д-р Зејнедија Адеми – претставник од Универзитет во Тетово, Факултет за земјоделство и биотехнологија;

– вон. проф. д-р Катерина Хаџи Наумова – Михајловска – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски институт;

– проф. д-р Кирил Сотировски – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,  Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;

– д-р Расим Зуфери – претставник од Универзитет на Југоисточна Европа, Факултет за бизнис и економија;

– Мартина Гранчаревска – претставник од Организација на потрошувачите на Македонија Скопје;

– Борчо Коцев – претставник од Здружение на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) – Скопје;

– Робертина Брајноска – претставник од Македонско еколошко друштво – Скопје и

– Владо Србиновски – Асоцијација за балкански алтернативен туризам „Балканија“ – Скопје.“.

 

Контитутивната седница на Агро Советот е закажана за утре (четвроток), 07.07.2022 година со почеток од 10 часот во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close