fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Воено прифитерство не смее да има, ќе ги следиме компаниите и трговците

Николовски порача дека секој денар обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, мора транспарентно и рационално да се искористи, а воено профитерство не смее да има.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени околу четири милијарди денари плус за земјоделството кои ќе бидат дел од Интервентниот фонд за креирање нови мерки, но и за целосно расчисување на сите долгови по секоја основа и кон кој било корисник. Се надевам дека нема да има ретроградни сили кои ќе се обидат да ја закочат оваа работа, туку напротив, дека сите ќа дадат поддршка во Собранието, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски порача дека секој денар обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, мора транспарентно и рационално да се искористи, а воено профитерство не смее да има.

-Даваме финансиска поддршка за производство дома. Испраќам јасна порака дека ќе ја следиме секоја компанија, секој трговец, зашто не може од парите на граѓаните во ваква светска криза и војна некој да прави воено профитерство и да тера бизнис. Не, сега е време да се обезбеди храна и затоа, за секој денар како инпут во земјоделството обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, со ребалансот, секој ќе треба етички, морално и одговорно да се однесува. Имаме мандат да предложиме одлуки во секој момент доколку увидиме дека постојат загрозувачки елементи во нечие однесување, подвлече министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close