Трговците продаваат за двојно поголема цена од земјоделците
Земјоделците бараат државата да ги заштити
Праски, кајсиии, цреши, круши, дуњи, сливи произведува Владо Јорданов од Сирково, Кавадаречко, а ги извезува во Норвешка, Чешка, Русија. Ако цената на праската по која ја продава тој е 25 до 30, на пазар достигнува до 60, додека производната цена на кајсијата е 30 до 40 , а на пазар од 60 до 70 денари.
Со покачувањето на цената на ѓубривата, нафтата и трошоците за прозиводство тој вели дека земјоделството воопшто не е исплатливо. За потрошувачите исто така се високи цените, единствено задолволни се трговците, објави 21 вести.
„Моментално сега земјоделците најмногу губат, а најмногу добиваат трговците. Тој што го прозиведува го продава за 20, 25 до 30, а они за 30 само да го продадат. Може има и таму нешто расход, но дефинитивно најмногу корст имаат трговците“, рели Владо Јорданов, земјоделец.
30% од прозиводителите следната година ќе го напуштат вели Јорданов, бидејќи Министертевото за земјоделие не инвестора во едукација и заштита на земјоделците од трговците.
„Сериозно треба државата , инспекторатат да најде стратегија како може да им пмогнат на земјоделците да имаат задоволувачка цена. Економијата во Македонија е зависна од земјоделството. Имаме сонце, иаме вода само нема кој да ги штити земјоделците“, рече ЈОрданов.
Друг проблем е што нема работници, бидејќи младото и работоспособно население се иселува во континуитет. Субвенциите кои ги добиваат не ги покриваат ни 15% од трошоците. Јорданов вели дека земјоделците се оставени на милост и немилост.https://mk.tv21.tv/zemjodeltsite-baraat-drzhavata-da-gi-zashtiti-trgovtsite-go-prodavaat-za-dvojno-pogolema-tsena-od-zemjodeltsite/