fbpx
ВестиТоп вести

Почна откупот на тутун во велешко

Во откупните пунктови во Велес, Иванковци и Чашка на компанијата „Алијанса“ од Кавадарци земјоделците почнаа да го предаваат тутунот од средината на минатата недела. Според одговорните на откупните пунктови, квалитетот на годинешниот род е добар, а не заостанува ни по квантитет. Досега се откупени триесетина тони жолто злато по цена од 170 до 200 денари за килограм. Тутунопроизводителите се задоволни од откупната цена. Добрата откупна цена како што велат тие се должи на квалитетот на предадените количества од првата берба.

0D8140E9FCB6F347BB59D0086977A1CB

Според нив квалитетот на тутунот ќе се намалува со втората, третата па и четвртата берба на тутунот, па со тоа ќе се намали и откупната цена. Од откупните пунктови со апел до тутунопроизводителите, да го предаваат тутунот според добиениот редослед што го направила компанијата, со цел да не се создава непотребен метеж. Оваа компанија планира од велешко да откупи над 700 тони тутун од годинешната реколта. Тутунопроизводителите според договорот, парите за предадениот тутун ќе ги добијат за седум работни денови.

tutunarite-se-nadevaat-na-fer-cena-i-otkup-na-vishocite-na-tutun-205512

Во исто време со откуп на тутунот почна и компанијата „Сокомак“ од Битола, која моментално врши откуп во сопствените простории во Велес. Оваа компанија планира да откупи од 350 до 400 тони.

Од општините Велес, Чашка и Градско годинава се планира да се откупат околу 1.400 тони тутун. Покрај „Алијанса“ и „Сокомак“ дел од родот ќе откупат и други компании.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close