fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ: Започнува со изградба системот за наводнување Пишица

Вложуваме во нови системи за поголемо и поквалитетно домашно земјоделско производство

Со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИПА програмата започнува реализацијата на проектот за изградба на системот за водоснабдување во село Пишица, општина Пробиштип.

Овој е втор систем за наводнување проектиран во рамки на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување, откако веќе започна со изградба системот Конопница, а следува системот за наводнување во Теарце. Вредноста на оваа инвестција за изградба на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра, средства на Европската Унија преку ИПА фондовите.

Системот за наводнување Пишица ќе наводнува земјоделска површина од 30 хектари, опфаќајќи за наводнување 107 парцели со различни земјоделски култури, од кои бенефит ќе имаат околу 70 земјоделци.

Покрај овие три системи со средства од ИПА фондовите на Европската Унија во вредност од 2,5 милиони евра, се работат и на системот Славишко Поле, чија изградба е во финална фаза, а интензивно се работи и системот Чаушица. Дополнително преку ИПА фондовите на ЕУ обезбедени се 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци.

Како никогаш до сега Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување.

 “Активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години со кој овозможуваме наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле. Уште еден голем проект на кој работиме е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој овозможуваме наводнување за 5.300 хектари земјоделско земјиште“ се вели во соопштението на МЗШВ.

Инвестициите кои МЗШВ и Владата ги реалзираат во делот на водоснабдувањето имаат за цел да овозможуваме достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, но најважно да овозможуваме поголем принос и поголем квалитет на земјоделските култури.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close