fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Освен струјата, поскапе и дрвото, пелети нема но цената ќе порасне драстично

На што ќе се грееме оваа зима?!

Цената на електричната енергија порасна, граѓаните се жалат дека и дрвата поскапеа, а не можат да најдат ниту пелети. Државата дава субвенции за инвертер клими, но поради високите цени -граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе сите начини на загревање се скапи.

Новите цени на дрвата за огрев се движат помегу четири и пет илјади за метар кубен во приватните складишта. Македонски шуми пак бараат зголемување од 20%, но новиот ценовник треба да го одобри Владата.

Цената на пелетите пак зголемена двојно. На социјалните мрежи граѓаните се жалат и дека многу е тешко да се најдат, бидејќи соседните држави од каде Македонија увезува имаат забрана за извоз па затоа и брзо се празнат складиштата кај нас. Компаниите кои продаваат пелети кај нас велат дека мака мача да ги набават. Количините се намалени, па заради тоа и цената расте.

Високите цени на енергенсите одамна го вклучија алармот и во цела Европа.

Поголемиот дел од европските држави веќе ги комплетираа кризните планови за претстојната зима. Поради стравот од недостиг на гас и струја, Германија подготви план со кој го намали осветлувањето, греењето и ладењето.

Австрија пак отиде чекор подалеку, па на граѓаните им препорача, за да заштедат енергија, наместо да се капат – да се тушираат.https://kanal5.com.mk/osven-strujata-poskape-i-drvoto-peleti-nema-no-cenata-kje-porasne-drastichno/a538970

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close