fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ТОП 5 градови со згаснати фирми

Минатата година, во првите 6 месеци, ТОП 5 градови по згаснати фирми биле: Скопје , Битола , Тетово, Гостивар и Куманово.

Минатата година, во првите 6 месеци, ТОП 5 градови по згаснати фирми биле: Скопје , Битола , Тетово, Гостивар и Куманово. Годинава, тоа се: Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп, покажува анализата на „Пари“.
Очкувано, најмногу фирми згаснале таму каде што има и најголема економска активност – во Скопје. Во првите 6 месеци од годинава, во Скопје, клуч на врата ставиле 1.766 фирми, или 36,2 проценти од вкупно згаснатите фирми во овој период. Минатата година пак, за 6 месеци, во Скопје згаснале 1.935 фирми.
На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании, а во 2021, истиот период бил погубен за 235 тетовски компании.

Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот на неславната листа. Лани, во првите 6 месеци од годината, во Куманово згаснале, верувале или не, ист број на компании – 220!
Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200. Лани пак, првото полугодие било полошо за гостиварскиот бизнис, згаснале 229 компании.
На петтото место по згаснати компании во првото полугодие годинава е Прилел, со 188 затворени фирми. Лани прилепчани подобро поминале – имало згаснати 166 фирми за 6 месеци.
Анализата на „Пари“ покажува дека и годинава, како и лани, најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.

 


И во првото полугодие од 2022 година најмногу затворања, како и во првите 6 месеци од 2021 година има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Годинава, во овој сектор згаснале 1.569 фирми, а лани во истиот период – 1.622 фирми.
На второ место лани бил угостителско-хотелиерскиот сектор, а сега е преработувачката индустрија со 584 згаснати компании. Лани, во првите 6 месеци, во преработувачката индустрија згаснале 543 компании.
Годинава угостителско-хотелиерскиот сектор се нашол на третото место на неславната листа на затворени фирми, таму каде што лани беше преработувачката индустрија. Годинава во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ згаснале 515 фирми. Лани во овој сектор згаснале 604 компании.
Градежништвото, и во првото полугодие лани, и годинава, е на 4-тото место по згаснати фирми. Лани биле згаснати 397, а годинава – 359.
Иста пета позиција задржал и секторот транспорт и складирање. Годинава, за 6 месеци во овој сектор згаснале 344 фирми, а лани, во истиот период – 386.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close