Тропски бран во земјава, предупредување за граѓаните
Владата издаде предупредување до граѓаните, односно трудниците и хронично болните да се ослободат од работа.
Ширум државата денес е вклучен портокалов метео аларм. Тропски бран пристигна во земјава, кој според најавите ќе трае од денес па се до недела.
Токму поради тоа Владата издаде предупредување до граѓаните, односно трудниците и хронично болните да се ослободат од работа.
Високите температури ќе надминуваат и 40 степени целзиусови,а најтопло ќе биде во јужниот дел од земјава, односно во гевгелискиот регион.
Не излегувајте од 11 до 17 часот доколку немате потреба на горештините.
Се апелира и до граѓаните внимателно да се движат во шумите и да избегнуваат дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.
Поради високите температури, од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… од 21 до 28 јули.
– Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Сите граѓани ќе добијат совети за начините за превенција од високите температури. Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови, информираа од Црвениот крст на Град Скопје.
Во пунктот за бездомници на Црвниот крст во Момин Поток на располагање е и мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.