
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени, УВ индексот ќе изнесува 9
Утринската температура се движи од 9 до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени.
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната ќе достигне до 40 степени. УВ ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според УХМР, под влијание на топол бран од утре следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.