fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Профитерството врз маката на земјоделците продолжува–Моментално дивеат прекупците

Реакција на Политичката партија Левица – Земјоделски сектор-Дали државата работи во интерес на земјоделците или во интерес на аграрната мафија?

  • Реакција на Политичката партија Левица – Земјоделски сектор

Во време кога храната почнува да станува повредна од злато, индолентниот и негативен однос на Министерството за земјоделство ги надминува сите граници на неодговорност и негрижа.

Најнапред, за Макеоднија се затворија традиционалните пазари на македонското овошје и зеленчук, а тоа не се земјите на ЕУ, кои немаат поволни трговски правила. Големиот број на трговски и нетрговски бариери со кои ЕУ ги заштитува европските производители на храна, а кои претставуваат огромен проблем за пласирање на земјоделските производи од Македонија, се уште егзистираат и во овој сектор, или поточно ЗЗП на ЕУ е најзаштитениот сектор на Унијата.

Имено, земјите од ЕУ сè повеќе применуваат нетрговски бариери, што се состојат од разни технички стандарди и национални прописи за карактеристиките на производите. Овие технички бариери се однесуваат на процедури за испитување на усогласеноста со техничките прописи и стандарди (conformity assessment procedures), различни аспекти во тргувањето на стоките (производство, пакување, означување на производот, маркетинг и слично).
Покрај овие нетрговски бариери кои се далеку поопасни од трговските и се лесно надминливи и видливи, тука се и големите царини и квотите за увоз .
Пазарите на Русија, Белорусија и Украина, каде земјоделците традиционално ги пласираат своите градинарски производи, се затворени поради сервилниот став на Македонија кон Унијата. Владата, неодговорно и произволно ги спроведе сите анти руски политики на Унијата и НАТО, но сето тоа на штета на сопствените производители, без воопшто и да се обиде да им обезбеди алтернативни пазари.

Празните ветувања изминативе 30 години дека државата и министерството работат за отворање на нови пазари каде што производството би се свело на договорно производство и гарантирани минимални цени, продолжуваат да егзистираат само како предизборни ветувања.

Оттука се поставува прашањето: Дали државата работи во интерес на земјоделците или во интерес на аграрната мафија?!
Моментално дивеат прекупците, кои еден килограм бостан го откупуваат по цена од 1-3 денари за производителите. Заклучок – трудот на земјоделците не е воопшто вреднуван. Со мизерно ниската цена, земјоделците не можат да го покријат ни трошокот за вложените репроматеријали. Додека, профитот го собираат прекупците, кои килограм лубеници продаваат по 16-20 денари.

Се доведуваме во ситуација каде сѐ повеќе земјоделци се откажуваат од работа и произвoдство. Ако се продолжи со ваква негрижа кон земјоделците, за неколку години ќе се доведеме во ситуација воопшто да немаме сопствено производство на храна, туку целата храна да ја обезбедуваме од увоз. Освен тоа, наместо да им се помогне на вистинските земјоделци и да им се обезбедат катчиња низ градот каде ќе може да продаваат дел од личното производство, по примерот на фармерските пазари насекаде низ развиените земји, уште и се бркаат и казнуваат небаре се најголеми криминалци, а не измачени земјоделци кои се борат барем малку да го наплатат својот труд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close