fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Васко Јончиќ – Оставени сме на милост и немилост на прекупците

Да се произведе повеќе и поквалитетно е предизвик на секој земјоделец, но да се продаде е најтешката работа. Според земјоделците откупните цени се многу ниски со што им се обезвреднува трудот.

Иднината и развојот на земјоделството во Македонија е предизвик само на  мал број млади земјоделци. Mоментално го крепи и одржува онаа постара генерација која со крајни сили се надева дека сепак нешто ќе се смени и земјата нема да остане не сработена.

– Земјоделието во Македонија ќе спласнe  оти младите гледаат дека во земјоделието нема пари. Зошто да работи без пари? Сакаат да работат ама и да бидат вреднувани.  Ако им се исплати децата  нема да заминуваат, од убаво никој не заминува. Ние сме последна генерација, понатаму ќе биде малку потешко. Младите сега не сакаат  да ораат. Сакат компјутери, фотелји , канцеларија… Јас уште колку ќе работам?… Десеттина години и толку ќе биди.  Тешко дека син ми ќе продолжи, рече за Зелена берза Васко Јончиќ земјоделец од с. Новаци. Приказната на линкот https://zelenaberza.com.mk/vasko-joncik-ostaveni-sme-na-milost-i-nemilost-na-prekupcite/

Го сретнавме во селската продавница како се разладува  и муабети со жители од селото разговарајќи за актуелни теми од животот. Кој колку сработил, кој колку ожнеал што е следно за работа и им се исплати ли? Не дека политиката не ја споменуваат, ама таа нема да им ги сработи нивите, а она што ќе излезе од нивите дали ќе биде доволно за живот?

-Работам земјоделие како дополнителна дејност, Не работам за дополнителна заработувачка од што сакам, туку за да преживееме, бидејќи она што го заработувам каде што сум вработен не стига за живот, објаснува Јончиќ.

Пченица, пченка и јачмен се културите што ги одгледува на околу 10 хектари површина. Се занимава и со свињарство и како што вели дел продава, а дел остава да се има за дома. Сепак најмногу се исплати пченката. Ја има застапено на 5 хектари и оваа година очекува  да биде родна за што добро се погрижил, од примена на квалитетно семе, па ѓубрење, наводнување (оти пченката сака многу вода) и сите оние агротехнички мерки, но загрижен е за продажбата.

-Најмногу се исплати моментално пченка , таа дава нешто повеќе. Сè правиме , но најголемата мака и тежина е да продадеме. Продажбата ни е најголема тежина. Се молиме одиме по прекупци, не уценуваат, државата не сака рака да стави на нас, да не сослуша барем. Ние ќе посееме, ќе произведеме, ќе платиме ѓубриво ( цените на ѓубривото се заминати  до небо)  и ко ќе дојди на крајот да продадеме ќе не уценуваат. Ако сакаш донеси го, ако не, не мораш, ни велат откупувачите. Ние  произведуваме  за да  продадеме, а не за да го чуваме дома. Јас ќе произведувам 50-60 тона пченка во зрно. Што ќе му правам дома, ќе ја варам? НЕ, објаснува Васко, револтиран што цената  на пченката е многу ниска.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close