fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Струмичанец се откажал од земјоделие и отишол да вози камион, вели неговата сопруга

Цените на земјоделските продукти на исто ниво, земјоделците се откажуваат од производство

Сопругата на земјоделец од Струмица вели дека поради растот на трошоците и неисплатливоста да се биде земјоделец, нејзиниот сопруг го напуштил земјоделството и почнал да вози камиони, наместо да одгледува земјоделски продукти.

– Трошоците значително ни се зголемија, стана неисплатливо, поради што сопругот се откажа од земјоделството. Јас одгледувам само брзорастечки дрва, а со другите култури веќе не се занимавам – вели Славица Паланкова од Струмица за Фактор.

Растот на цените на трошоците во земјоделското прооизводство ги загрижува земјоделците, кои велат дека имаат драстично поголеми издатоци, а цените на крајните продукти им остануваат исти, поради што стравуваат дека работат со загуби.

Дека трошоците им се зголемени говорат и последните податоци на Државниот завод за статистика, кој го објави индексот на цените во земјоделството, каде има раст на инпутот од 25,8 отсто.

Растот на цените на трошоците според земјоделците е голем проблем, бидејќи не успеаваат да ги покријат трошоците за производството со цените по кои ги продаваат земјоделските продукти.

– Имаме 100 отсто зголемени трошоци. Само ако ги споредиме цените на горивата, од ланските 60 денари за литар, сега над 100 денари, трошоците ни се вивнаа. Дополнително и цените на ѓубривата драстично поскапеа. Лани овој период ги купувавме азотните ѓубрива за 800 денари, годинава истото пакување чини 2.800 денари. Азотните ѓубрива се неопходни во земјоделството, особено кај житните култури, за нивно прихранување. Така што имаме многу поголеми трошоци во споредба со лани, а цените на нашите производи се исти.  Поскапување има и кај хемикалиите кои се користат во земјоделското производство, но тука поскапувањето не е толку големо – вели еден скопски земјоделец.

Тој за Фактор.мк потенцира дека голем број земјоделци сега се во незавидна позиција, бидејќи трошоците кои ги направиле за производството, тешко ќе ги повратат, со оглед дека цените на пазарите не можат да ги зголемат колку што им се зголемени и трошоците.

– Нема можност да ги зголемиме цените на доматите, или краставиците, или што и да произведуваат земјоделците. Платите се исти, цените на нашите продукти се како лани, а трошоците се многу поголеми. Многу земјоделци велат тешко дека ќе продолжиме со работа, особено што оваа година имавме и остатоци од ланските евтини ѓубрива, догодина веќе ќе нема, и сега веќе нема ниски цени… Да не навлегуваме во трошоци за други материјали, стана многу неисплатливо. Ова е мачна работа, а ако нема заработка зошто да ја работиме – вели нашиот соговорник. https://faktor.mk/troshocite-zgolemeni-do-nebo-cenite-na-zemjodelskite-produkti-na-isto-nivo-zemjodelcite-se-otkazuvaat-od-proizvodstvo

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close