fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Костовски: Со ребалансот до поголема поддршка на земјоделците

Обезбедуваме услови за стабилна економија и помош за стандардот на граѓаните во криза

Ребалансот на Буџетот за 2022 година е потврда на дело на заложбата на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ за стабилна економија и повисок животен стандард на граѓаните.

Со ребалансот обезбедивме средства за повисоки плати и пензии, за поголема поддршка на земјоделците, но и за антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите.

Обезбедени се средства од над 76 милиони евра за антикризни мерки за справување со последиците од економската и енергетска криза.

52 милиони евра издвојуваме за поддршка на земјоделците за да поттикнеме зголемување на домашното земјоделско производство.

Средства се обезбедени за рекорден раст на пензиите, за зголемување на платите во образованието и детската заштита но и за субвенционирање повисоки плати во приватниот сектор.

Со овој ребаланс кој е поздравен и од Светската банка не се запоставени ниту капиталните проекти кои се важни за економскиот раст.

Ова е уште една алатка за обезбедување на макроекономската стабилност и конкретна поддршка за стопанството.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните и полесно справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

Мартин Костовски

СДСМ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close