Холандските земјоделци фрлаат арско ѓубриво на патиштата
Холандските земјоделци денеска продолжија да фрлаат арско ѓубриво и отпад на автопатиштата и да подметнуваат пожари покрај патиштата, во знак на протест против владините планови за намалување на емисиите на азот.
Холандските земјоделци денеска продолжија да фрлаат арско ѓубриво и отпад на автопатиштата и да подметнуваат пожари покрај патиштата, во знак на протест против владините планови за намалување на емисиите на азот.Сообраќајните власти објавија дека неколку патишта во централна и источна Холандија рано изутринава биле целосно или делумно блокирани, како и оти се испратени единици на протипожарните служби да интервенираат за нормализирање на сообраќајот.
Последните протести се случуваат еден ден откако владиниот посредник Јохан Ремкеш испрати покани до организациите и здруженијата на земјоделците да разговараат со владејачката коалиција за начините за намалување на емисиите на азот.
„На преговорите гледам како на пресвртница, за заедничко излегување од ќорсокакот. Добив уверувања од Кабинетот дека се можни заеднички решенија”, рече Ремкеш.