Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски-Компанијата Кристал – 64 како успешен корисник на ИПАРД програмата
Потребата од воведување на модерни технологии го стимулирала семејството Стојанови да аплицираат на јавен повик за мерка 7 - сектор производство на непрехрамбени производи од ИПАРД 2 програмата.
Денеска заедно со министерот Николовски ја посетивме компанијата Кристал – 64 како успешен корисник на ИПАРД програмата.
Оваа семејна компанија веќе 30 години се занимава со обработка и доработка на стакло.
Потребата од воведување на модерни технологии го стимулирала семејството Стојанови да аплицираат на јавен повик за мерка 7 – сектор производство на непрехрамбени производи од ИПАРД 2 програмата.
Апликацијата е одобрена, договорот потпишан по што е набавена најмодерна опрема за измивање и комбинирање, машина за свиткување и полнење, екструдер и единечен кран.
За оваа успешно реализиран проект од над 1 милион евра, корисникот е поддржан со 65% од вкупната инвестиција со финансиски средства од ИПАРД програмата.
Веруваме дека преку вакви успешни примери ќе поттикнеме многу микро и мали претпријатија да ги искористат можностите од мерката за развој на мали бизниси во рурални средини чие објавување може да се очекува со почетокот на имплементацијата на ИПАРД 3 програмата.