Бобан Петров-Инвестирав во земјоделие и не заминав во странство
Бобан Петров е млад земјоделец од виничкото село Драгобраште.
Бобан Петров е млад земјоделец од виничкото село Драгобраште. Од 2009 година станал земјоделец без никакво претходно искуство принуден од безработицата и мотивирано од огласите за распределба на државна земја. Во тој период учествувал на неколку јавни наддавања за државна земја која била во атарот на неговото село а која претходно стоела затревена и заплевена. По неколкуте сериозни инвестиции сега заедно со семејството обработуваат речиси 10 хектари под лозов насад и околу 40 хектари по житарица. Од работа не се жали дури и размислува да земе уште земја под концесија од државата но зачуден е зошто во последните години воопшто нема интерес од државата за објава на државна земја од која можат уште многу млади да егзистираат и наместо полни автобуси да заминуваат за европските земји во потрага по подобар живот тоа да си го остварат во својот роден крај.
-Многу луѓе заминаа од овие краеви во странство. Од нашето село 50% се иселени. Јас засега не размислувам за странство бидејќи имам солидна површина на земја која ја обработувам, произведувам и финален производ односно вино кое преку малата семејна винарија која е при крај со регистрацијата планирам полека да го пробивам. Нашето вино се одликува со специфична положба која многу влијае на агротехничките мерки но и на тоа виното како краен производ да има извонредни ароми и вкусови. Сме учествувале на доста оценувања и дегустации од каде редовно се враќаме со медали што ни е еден патока до каде сме со работата околу правењето вино и во кој правец треба да се развиваме. Доста е поповолен сега законот за регистрација на мала винарија што исто така е една од мерките која може да не задржи во руралните средини од каде што потекнуваме рече Бобан Петров млад земјоделец од село Драгобраште Виница.
Кога млад земјоделец ќе добие земја од државата по можност и некоја помош во земјоделска опрема и згора на тоа да има и редовни субвенции тогаш придобивките се и за двете страни, за државата преку само вработување и задржувањето на младите на село така и за него лично да може од тоа да вади за егзистеницја па да размислува и за инвестиции долгорочни тековни и на тој начин тука да ги трошите парите од кои повторно ќе има дел за државата. Овој млад земјоделец инвестирал околу 20 илјади евра во современ систем за наводнување по принципот капка по капка за кој направил и мало вештачко езерце со помош на специјални гумирани мембрани.
Водата која се користи за наводнување доаѓа од локалната река но се полни исклучиво во зимскиот период кога никој нема потреба од вода и кога водата само протекува покрај селото. Но, иако има огромни инвестиции и направил нешто современо сепак заради тоа што надлежните не предвиделе во законот не може да конкурира за никаква помош или за било какви средства од Ипард програмата за осовременување бидејќи водата за наводнување ако доаѓа од река тогаш не следува поддршка. Затоа предлагаат да се направат одредени измени, ако е потребно да се постават и одредени услови но да се најде начин како водата која ја има во изобилство во реките да може да се користи за унапредување на земјоделството. Тие имале и два обида преку бушотина да дојдат до вода но само парите си ги дале а вода не нашле и со тоа повторно не им следува поддршка. Она што исто така може да се види кај младите земјоделци се прогресивните идеи и следењето на агротехнички мерки кои се реткост за кај нас но се применуваат во европските земји. Па така опремени со електрични ножици кои даваат голема ефикасност во работата наместо на два лака од оваа година лозовите насади ги кројат на еден лак.
-Сметаме дека не случајно тоа се прави во европските земји. На овој начин ние повторно ќе дојдеме до приближна родност како и претходно но со многу повисок квалитет. И бидејќи нашето грозје во еден дел наменето за производство на вино тоа многу ни значи да произведеме квалитет и по тоа да биде препознатливи и барани. Дел од грозјето го предаваме во винариите и можам да кажам бидејќи јас сум од двете страни на бизнисот тоа што винариите кажуваат дека немаат сметка повеќе од десет денари да го платата грозјето на лозарите е навистина смешно и понижувачки кога ние знаеме а знаат и најголемиот дел од лозарите колкава е заработката на еден литар вино додаде Петров.
Овој млад земјоделец ни укажа дека голем проблем на терен се појавил и со инпортирањето односно пренесувањето на имотите во новиот катастар. Дел од површините не можат да се внесат во катастар со што не може да се ажурираат во ЕРСЗ а со тоа не можат да аплицираат за субвенции.
Тим на Зелена берза