fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Каде се субвенциите за предадено индустриско јаболко, картичките за нафта и обештетувањето за 2016 и 2018???

НАЈНОВО - до 31 август сите производители на јаболко кои во 2021 година оствариле право на финансиска поддршка за одржување на површини со јаболко ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за продадени јаболка во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година.

До каде е со исплатата на субвенциите за предадено индустриско јаболко, прашуваат преспанчани на социјалните мрежи, откако претходно упатиле и прашања до МЗШВ. Но субвенциите не се единсвениот порблем што ги тишти производителите на јаболка од Преспа, тие велат дека во овој период повеќе ос им с епотребните и картичките за зелена нафта, а секако се уште ги очекуваат и обештетувањата од невремето од 2016 и 2018 година.

МЗШВ објави дека до 31 август сите производители на јаболко кои во 2021 година оствариле право на финансиска поддршка за одржување на површини со јаболко ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за продадени јаболка во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година.

Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадена оризова арпа или предадено јаболко.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close