fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците во Овче Поле останаа без вода за наводнување

Штетите се огромни, се ни се исуши-изјави Никола Стојанов, земјоделец од с.Пеширово

Стотина хектари во Овче Поле, засадени со детелина, бостан, пченка, лозови и овошни насади останаа без вода за наводнување. Родот интензивно се суши и пропаѓа во нивите, а земјоделците трпат огромни штети.

  • Штетите се огромни, се ни се исуши-изјави Никола Стојанов, земјоделец од с.Пеширово
  • Сигурно имаме 20 тони „изгорени“ дињи, сега како што се исушени. Имам детелина околу 30 ха, лозје околу 3 ха и се е хаос, изјави Драги Павлов, земјоделец од с.Долно Црнилиште
  • Претходниот откос исто немаше доволно вода и беше со 50 % , а сега ќе биде 80% помал прионосот- изјави Злате Јовановски, земјоделец од с.Пеширово

Вода за наводнување добиваат преку ХС „Брегалница“, а одговорен за дистрибуција е подружницата водостопанство во Свети Николе. Меѓутоа, кога побарале одговор кој е одговорен заради тоа што немаат вода, никој не бил надлежен.

  • Од ХС „Брегалница“ велат дека тие немаат обврска да ни пуштат вода. Јас не знам на кого плаќаме за вода. Водостопанство Свети Николе треба да направи побарувачка и тврдат дека имало 6 метри кубни вода во секунда, а ние немаме ниту еден кубик, никој не е наводнувал- изјави Стојанов
  • Дорфулија, Сарамзалино, Каратманово, тие немаат добиено капка вода- изјави Јовановски
  • Или нека дојдат нека кажат „дечки нема више вода“, да не се нервираме едноставно, испоцркавме- изјави Игор Коневски, земјоделец од с.Азамбегово

Во Овче Поле има 4 500 регистрирани индивидуални земјоделци и ова е единствен извор за егзистенција на нивните семејства. Револтирани се што некој си поигрува со нивниот труд, мака и вложени средства.

  • Се занимаваме со земјоделие. Мојата фамилија брои 10 души. Следната година децата мои планираат да се откажат и да заминат за странство, па ќе го оставиме на власта, нека раководи, нека печали- додаде Павлов

Бараат итна средба со ресорниот министер, во спротивно ќе бидат принудени да организираат масовни протести и блокади.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close