fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

БАРЕЛ НАФТА ПОД 100 ДОЛАРИ, благо поевтинување на црното злато

Цените на нафтата од утрово паѓаат.

Цените на нафтата од утрово паѓаат. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утринава изнесува 96 долари, што претставува пад во однос на вчерашниот ден.

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено, вредноста на Биткоинот е 23.135 долари, што претставува зголемување од околу 1 отсто во однос на вчера, пренесува Блиц.рс.

Дека цените на нафтата имаат надолни тенденции, и покрај тоа што одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците (ОПЕК+) е да го зголемат производството на нафта за само 100.000 барели нафта дневно (bpd), со што ги урнаа американските надежи за значително зголемување на залихите, пишуваат и светските медиуми.

Во меѓувреме, највисоките ирански и американски официјални лица патуваат во Виена за да ги обноват индиректните разговори за иранската нуклеарна програма, и да пробаат да најдат начини за укинување на санкциите со кои се ограничува извозот на нафта од Иран, што би можело да ја зголеми понудата и да ги намали цените.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар утрово падна на 100,40 долари, објави Ројтерс. На американскиот пазар падна на 94,11 долари.

Веќе беше објавено дека  ОПЕК, вклучително и Русија, познати како ОПЕК +, се подготвени благо да го зголемат производството за 100.000 барели дневно (бпд), или околу 0,1 отсто од глобалната побарувачка на нафта, според документот достапен за новинарите.

Иако САД побараа од групата да го зголеми производството, слободниот капацитет е ограничен и Саудиска Арабија можеби не сака да го зголеми производството поради сојузникот на ОПЕК + Русија, која беше погодена од серија санкции поради војната во Украина.

Пред состанокот, ОПЕК + ја намали прогнозата за овогодишниот суфицит на нафтениот пазар за 200.000 барели дневно на 800.000 барели дневно, изјавија три извори за Ројтерс, пренесе Хина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close