fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонија има над 800 органски земјоделци

Податоците за 2020 година покажуваат дека во нашата земја имало 863 органски земјоделци и 24 преработувачи, а 4.000 хектари биле опфатени со површина од овој тип.

Органското земјоделство е сѐ позастапено во ЕУ

Органското земјоделство е сѐ позастапено во државите во Европската Унија, а е регулирано со нови прописи, кои важат од 1 јануари 2022 година.
Вкупната површина на располагање за овој вид култури во Европа во 2020 година се проценува на 14,7 милиони хектари, вклучувајќи ги и сертифицираните области и областите за пренамена.
Тие сочинуваат 9,1 отсто од вкупното земјоделско земјиште, покажуваат податоците на Евростат.
Најновите расположливи податоци покажуваат дека Австрија имала најголем удел во такви области и тој изнесувал до 25,3 отсто. По неа следуваат Естонија, со 22,4 отсто, и Шведска, со 20,3 отсто. Последното место го зазеде Малта, со 0,6 отсто од површината, а мали површини имаат и Бугарија и Ирска, три отсто.
Што се однесува до земјите од поранешна Југославија, податоците на Меѓународната федерација на движењето за органско земјоделство за 2020 година покажуваат дека Босна и Херцеговина имала 86 органски земјоделци и 51 преработувач, а 2.000 хектари биле опфатени со површина од овој тип. Хрватска имала нешто повеќе од 5.150 такви земјоделци и околу 390 преработувачи на 109.000 хектари.
Србија евидентирала 439 земјоделци и 101 преработувач, на 19.000 хa, додека Црна Гора имала 423 органски производители и 19 преработувачи, на 5.000 ха од таквите површини.
Што се однесува до Македонија, податоците за 2020 година покажуваат дека во нашата земја имало 863 органски земјоделци и 24 преработувачи, а 4.000 хектари биле опфатени со површина од овој тип.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/makedonija-ima-nad-800-organski-zemjodelci/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close