Мирчески распали по Николовски -Абре „дикиши“ за каква правда и чесност зборуваме
Не може ние земјоделците да работиме само за интересот на една рака луѓе во државата!
Остра реакција на координаторот на новоформираните тутунарски здруженија Игор Мирчески на повикот на министерот Љупчо Николовски во кој стои -Обврска кон граѓаните е македонското земјоделско производство, најпрво да се предаде во домашните преработувачки капацитети. Така е чесно, така е праведно!
А ние како министерство правиме се за да обезбедиме доволно храна за сите.
Министерот со порака до земјоделците, домашното производство да им се даде на домашните откупувачи!!! Така било чесно и праведно!!! За каква правда и чесност зборуваме тука?
Абре „ДИКИШИ“ не може килограм жито да ни го откупувате за 16 – 18 денари, а 500 грама леб да ни го продавате за 50-60 денари. Ова е чесно и праведно министре?
Не може килограм грозје да ни го откупувате за 12 денари, а литар вино да ни го продавате по 1.000 денари. Ова е чесно и праведно министре?
Не може килограм сув тутун да ни го купувате по 200 денари, а 19 грама кутија цигари да ни ја продавате 150 денари. Ова е чесно и праведно министре?
Не може литар млеко да ни го откупувате по 18 денари, а истото во маркет да ни го продавате за 50 денари. Ова е чесно и праведно министре?
И тоа е случај за сите производи. Е па другари ова едноставно повеќе НЕ МОЖЕ, не може ние земјоделците да работиме само за интересот на една рака луѓе во државата! Но, не сте ВИЕ виновни, виновни сме ние што немаме храброст да втераме 5 – 6 народни избраници земјоделци во Парламентот, кои можат да бидат и клучен фактор за формирање на влада во државата, па да видиме како ќе се слуша гласот на земјоделците и како брзо се решава земјоделието во државата. И на крај – што значи ЧЕСТ И ПРАВДА!!!
Министерот денеска на својот ФБ профил сподели-