fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Африканска чума во свињарските фарми во источна Македонија

Службите се на терен, по што ќе се знае колку свињи во кочанскиот регион ќе бидат уништени.

Бизнисот со одгледување на свињи и производство на месо во источна Македонија на удар од африакнската свинска чума. Болеста се рашири и кон кочанско, нови случаи има во селата Тркање и Пресека. Според надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарството, овие случаи не се поврзани со случајот од пред неколку дена во каменичкото село Моштица. Службите се на терен, по што ќе се знае колку свињи во кочанскиот регион ќе бидат уништени.

По случајот во кочанско на готовс ги стави и сточарите во штипско.

Од АХВ апелираат до сите одгледувачи на свињи додколку забележат било какви промени кај животните да го пријават тоа. Ако станува збор за африканска чума и се уништат животните од агенцијата ја плаќаат штетата, но не и ако се пријават умрени свињи. Одгледувачите на свињи алармираат дека доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената драстично ќе биде зголемена.  Африканската свинска чума се појави пред седум месеци во делчевското планинско село Драмче, а сега се шири и кон кочанско.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close