Лани 150 милиони евра кај земјоделците
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во годишниот извештај за работата во 2021 објави дека во текот на минатата година Европската унија учествувала со 7.121.000 евра во грантовите од ИПАРД програмата за македонските земјоделци и претприемачи.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во годишниот извештај за работата во 2021 објави дека во текот на минатата година Европската унија учествувала со 7.121.000 евра во грантовите од ИПАРД програмата за македонските земјоделци и претприемачи.
Од националното кофинансирање исплатени се 2.355.000 евра, што значи дека вкупно висината на неповратните грантови што ги добиле 457 корисници изнесува 9.475.000 евра, објави Фактор.
Набавка на модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, како и поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата.
Овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, масти и вино.
Агенцијата од националната програма исплатила 90 милиони евра заостаната финансиска помош која инаку требало да биде префрлена на нивните сметки од претходната година, а најмногу од овие пари биле предвидени како помош за набавка на трактори.
За набавка на „зелена нафта“ биле потрошени 2,5 милиони евра, а слична сума е исплатена и како помош за осигурување од штети. Околу 28,2 милиони евра добиле земјоделците како субвенции за растително производство.
На крајот Агенцијата исплатила 150 милиони евра по сите основи за земјоделството, или поточно 9,120 милијарди денари.https://faktor.mk/lani-150-milioni-evra-kaj-zemjodelcite