fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна откупот на црвените пиперки во Струмичко – цените исти како и лани

Во Муртино се откупува црвена пиперка од под пластеници. Цената е 40 денари за килограм за Прва класа. Таа потоа се селектира за извоз а она што останува ќе биде наменета за преработувачите по цена од 20 до 25 денари.

Струмичките земјоделци во неизвесност како ќе помине откупната сезона со црвената пиперка чија берба само што почна, објавува 24 вести.

Велат дека откупните цени се исти како минатата година иако во оваа производствените трошоци двојно им се зголемени заради високтие цена на горивата и губривата.

Во Муртино се откупува црвена пиперка од под пластеници. Цената е 40 денари за килограм за Прва класа. Таа потоа се селектира за извоз а она што останува ќе биде наменета за преработувачите по цена од 20 до 25 денари.

Наскоро се очекува бербата на засеаните пиперки и под отворено во струмичко. Дотогаш земјоделците се обидуваат да го спасат родот од високите температури. Секојдневно ги наводнуваат површините за да имаат подобар квалитет иако добар дел од засеаното од лошите временски услови се веќе уништени.https://youtu.be/RPE-qCIxzAY

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close